Меган Маркл доживеала спонтан абортус: „Знаев дека додека го држев моето првородено дете, го губев второто“

36

Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус во јули во исповед за магазинот New York Times.

Со зборови полни болка таа откри низ што минала.

Нејзината емотивна исповед:

Беше јулско утро кое започна исто толку вообичаено, како и секој друг ден. Направи појадок. Нахрани ги кучињата. Напиј се витамини. Пронајди го изгубениот чорап. Крени ја мрсната боичка која се истркалала под масата. Прибери ја косата во коњско опавче пред да го земеш син ти од креветчето.

Откако му ја променив пелената, почувствував остар грч. Паднав на подот со него во рацете, пеејќи приспивна песна која ќе нè смири и двајцата, весела мелодија која беше тотално спротивна од моето претчувство дека нешто не е во ред.

Знаев дека додека го држев моето првородено дете, го губев второто.

Часови подоцна, лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на мојот сопруг. Ја чувствував смиреноста на неговата дланка и ги бакнував неговите дланки, влажни од нашите солзи. Зјапајќи во студените бели ѕидови, очите ми се вкочанија. Се обидов да замислам како ќе закрепнеме.

Се сетив на еден момент од минатата година, кога со Хари ја завршувавме долгата турнеја во Јужна Африка. Бев исцрпена. Го доев нашиот син и се обидував да изгледам храбро пред јавноста.

„Дали сте добро?“ – ме праша еден новинар. Му одговoрив искрено, не знаејќи дека тоа што ќе го речам ќе допре до многу нови мајки, а и постари, до секој кој на некој начин тивко страдал. Мојот одговор како да им даде дозвола на луѓето да ја кажат својата вистина. Но, не ми помогна најмногу искреното одговарање, туку самото прашање.

„Ви благодарам што прашавте“, реков. „Не ме прашале многу луѓе ме прашаа дали сум добро.“

Седејќи во болничкиот кревет, гледајќи како се крши срцето на мојот сопруг, додека се обидуваше да ги спои разбиените делови од моето, сфатив дека единствениот начин да почнеме да закрепнуваме е прво да прашам, „Дали си добро?“

Дали сме? Оваа година доведе многумина од нас до точка на пукање.

Загубата и болката го мачеа секој од нас во 2020 година. Слушнавме секакви приказни, жена го започнала својот ден најнормално, а потоа добива вест дека ја изгубила својата мајка од КОВИД-19. Маж се разбудил чувствувајќи се добро, но со мали симптоми, се тестирал, бил позитивен на корона вирус и за неколку седмици, како стотици и илјадници други, починал.

Поларизирани сме и се чувствуваме поосамено од кога било.

Кога бев во моите доцни тинејџерски години, се возев со такси и видов жена на тротоарот целата расплакана, му кажав на таксистот да застане да видиме што не е во ред, но тој ми објасни дека Њујорчаните своите приватни моменти ги живеат многу јавно. „Ние го сакаме градот, п-лачеме на улица, нашите солзи и приказни мже да ги види секој. Не грижи се, некој на аголот ќе ја праша дали е добра“, ми рече тој.

Сега, години подоцна во изолација од пандемијата и кога тагувам за загубата на моето дете мислам на таа жена од Њујорк. Што ако никој не сопрел? Што ако никој не видел дека страда? Што ако никој не ѝ помогнал?

Посакувам да можам да се вратам назад и да му каѓам на таксистот да сопре. Најважно е тажните мигови да не ги минувате сами. Страшно е никој да не сопре и да ве праша дали сте добро.

Да изгубиш дете значи да носиш неподнослива тага, нешто кое многумина го искусуваат, но малкумина говорат за тоа. Во болката од нашата загуба, јас и мојот сопруг откривме дека во соба со 100 жени, 10 до 20 од нив имале доживеано спонтан абортус. Но, и покрај заедничката болка, оваа тема сè уште останува табу, полна со (неоправдан) срам и нераскинлив циклус на тагување во самотија.

Некои храбро ги споделија своите приказни, ја отворија вратата, знаејќи дека кога едно лице ја зборува вистината, тоа им дава поддршка на сите нас да го направиме истото. Научивме дека кога луѓето прашуваат како си и кога навистина го слушаат одговорот, со отворено срце и ум, товарот на тагата станува полесен – за сите нас. Кога ја споделуваме болката, ги правиме првите чекори кон заздравувањето.

Така, оваа година на Денот на благодарноста, планираме поразличен празник од претходно. Многумина се разделени од своите најблиски, сами, болни, исплашени, поделени и можеби се борат да најдат нешто за кое ќе бидат благодарни. Ајде да се посветиме и да ги прашаме другите: „Дали сте добро?“. Колку и да не се согласуваме, колку и да сме физички дистанцирани, вистината е дека сега сме повеќе поврзани од кога и да е, поради сето она што го издржавме индивидуално и колективно оваа година.

Дали сме ОК?

Ќе бидеме.