Мегваер го пропушта финалето на ФА Купот

3

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе го пропушти финалето на ФА Купот против Манчестер Сити. Ова го соопшти менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг.

На линијата за мечот на „Вембли“ ќе бидат Мејсон Маунт, Виктор Линделоф и Ентони Марсијал.

Мегваер заработи повреда на мускулот на крајот на април, но се очекуваше да биде подготвен за одлучувачкиот натпревар против Сити.

Сепак, опоравувањето на дефанзивецот не помина најдобро, што значи дека сезоната за него е веќе завршена.