Медведев ги предупреди САД: Русија има моќ да ги стави непријателите на своето место

10

Русија ги предупреди САД дека Москва има моќ да ја стави најистакнатата светска суперсила на своето место и го обвини Западот дека поттикнува див русофобичен заговор за распарчување на Русија, пишува Ројтерс.

Дмитриј Медведев, кој беше претседател од 2008 до 2012 година, а сега е заменик секретар на Советот за безбедност на Русија, рече дека САД подгреале „одвратна“ русофобија во обид да ја натераат Русија да падне на колена.

„Нема да им успее – Русија има моќ да ги стави сите наши дрски непријатели на нивно место“, рече Медведев.

Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, САД и нивните европски и азиски сојузници воведоа санкции за руските лидери, компании и бизнисмени, отсекувајќи ја Русија од поголемиот дел од светската економија.

Претседателот Владимир Путин вели дека, како што ја нарекува, специјалната воена операција во Украина е неопходна бидејќи САД ја користат Украина за да и се закануваат на Русија, а Русија мора да се брани од „геноцидот“ на луѓето што зборуваат руски во Украина.

Украина вели дека се бори за своето постоење и дека тврдењата на Путин за геноцид се глупости. Западот тврди дека нивните намери да ја распарчи Русија се фикција.

Русија тврди дека и покрај санкциите, може да помине добро без она што го смета за измамен и декадентен Запад предводен од Соединетите држави. Таа вели дека нејзиниот обид за воспоставување врски со Западот по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година сега е завршен и дека ќе развие врски со други сили како Кина.