Медведев преку Фокина до полуфинале во Дубаи

2

Рускиот тенисер Даниил Медведев се пласираше во полуфиналето на турнирот од серијата 500 во Дубаи, со убедлива победа над Алехандро Давидович Фокина со 6:2, 6:3.

Со само шест неизнудени грешки, четвртопласираниот тенисер во светот го совлада Шпанецот за 89 минути, четврти пат во исто толку меча.

-Алехандро може да игра многу добро, иако игра со подеми и падови. Знаев дека морам да бидам сериозен до крај, изјави Медведев.

Русинот првпат во кариерата се обидува да одбрани титула, а во полуфиналето го чека победникот од дуелот Хуркач – Амбер.

Дневниот дел од програмата го одбележаа повреди – Андреј Рубљов се пласираше во полуфиналето, откако беше поразен од Себастијан Корда. Русинот во моментот на предавање водеше со брејк со 6:4, 4:3.

Рубљов во полуфиналето ќе се сретне со Александар Бублик кој беше поразен од Јиржи Лехечка со 6:4, 4:1.

Рубљов и Бублик досега играле пет пати, Андреј води со 4:1