„Медена земја“ номиниран за „Оскар“ во две категории

10

Македонскиот филм „Медена земја“ се најде на списокот на Американската филмска академија на номинирани филмови за најпрестижната светска филмска награда „Оскар“.

Во 92. Издание за Оскар, македонскиот филм ќе се натпреварува во категоријата документарни филмови во кои влегоа 15 од првично предложени документарци.

„Медена земја“ е и еден од десетте номинирани во категоријата Меѓународен филм.

За номинациите гласањето почнува во четврток, 2. јануари и ќе трае до вторник, 7. јануари. 2020 година.

И годинава домаќин на „Оскарите“ ќе биде „Долби театарот“ во Холивуд, церемонијата ќе се одржи на 9. февруари во Лос Ангелес.