Медиуми: Првиот руски „Панцир“ пристигнува во Србија до крајот на неделата!

7

Врз основа на договорот меѓу министерствата за одбрана на Русија и Србија, првиот од шесте системи за противвоздушна одбрана „Панцир С1“ ќе ѝ биде испорачан на Србија до крајот на неделата.
Српските војници веќе се обучени за ракување со тоа многу ефикасно оружје, пренесуваат српските и руските медиуми.

„Панцир С1“ е хибриден топовско-ракетен систем кој обединува ракети „земја-воздух“, два топа калибар 30 милиметри, набљудувачки и нишански радар, како и оптички блок за надзор и управување со огнот.

Системот е поставен на камион „Урал“ со категорија 10 тони и конфигурација 8х8.

Системот со контејнерски облик може едноставно да се постави и на оклопен транспортер или помал брод.

Основната намена на „Панцир“ е заштита на важни точки како аеродроми, командни места, комуникациски јазли.

„Ова е оружје што гарантира долготраен мир. „Панцир“ станува дел од нашето вооружување, „Панцир“ станува дел од Војската на Србија“, рече министерот за одбрана на Србија Александар Вулин,

Замислен е за одбрана од авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети, беспилотни летала и наведувани бомби.

„Панцир“ може да делува и против површински цели како што се тенкови, оклопни транспортери, борбени возила на пешадијата.