Меланија ги одбројува минутите до разводот со Доналд Трамп

21

Доналд Трамп (74) ја изгуби претседателската фотеља во Америка, но дали може да ја и изгуби сопругата Меланија (50) со која е во брак 15 години? Ова е прашање што сè повеќе се слуша во медиумите …

– Меланија ги брои минутите до моментот кога ќе излезе од Белата куќа и ќе се разведе од Доналд – рекла Омароса Манигулт Њуман, поранешна соработничка на Трамп, пишува „Дејли мејл“. Таа исто така објаснила и зошто не го сторила тоа порано.

– Да му приредеше такво ултимативно понижување и да го оставеше среде мандатот, тој ќе најдеше начин да ја казни за тоа – додаде таа.

Друга поранешна соработничка на Меланија, Стефани Волкоф, со години тврди дека бракот помеѓу Меланија и Доналд е најбизарното нешто што го видела во животот. Меланија наводно се расплакала кога Трамп стана претседател пред четири години, а преселувањето од Њујорк во Вашингтон го одложила цели пет месеци.

Меланија претходно објаснила дека тоа е затоа што не сака нејзиниот син Барон (14) да го прекине училиштето, но некои тврдат дека не била заинтересирана за бракот и соживотот со Доналд.

– Ниту во сон не очекуваше дека Доналд може да победи на изборите – рекла Волкоф.

И покрај сè, Меланија упорно тврди дека има одличен однос со нејзиниот сопруг.

Инаку, предбрачниот договор на Трамп со неговата поранешна сопруга, актерката Марла Мејплс (57), ја спречува да објави книга или да даде изјави со критички содржини за американскиот претседател. Адвокатката Кристина Превит тврди дека Меланија сигурно го потпишала истото.