Мелеро: Ла Лига сега е светлосни години зад Премиер лигата

12

Фудбалерот на Алмерија Гонзало Мелеро изјави дека Ла Лига е далеку зад англиската Премиер лигата.

Неговиот тим вчеравечер водеше со Реал Мадрид на гости со резултат 2:0 по првото полувреме, но на крајот загуби (2:3) по неколку контроверзни одлуки.

– Ако сакаме да бидеме најдобра лига во светот, како што често се вели… Заостанавме светлосни години. И тешко ми е да зборувам за тоа, и ме прави лут, но работата е едноставно што е невозможно да се прифати. Оваа година веќе имаше неколку вакви случаи. Ако не се жалите, не ви помагаат. Но, ситуацијата на овој натпревар ги надмина сите граници. Шпанскиот фудбал сега е светлосни години зад Премиер лигата, тоа е реалноста, изјави Мелеро.

Алмерија е последна на табелата во Ла Лига со шест бодови од 21 натпревар.