Менди го тужи Сити поради неисплатени плати

2

Францускиот фудбалски репрезентативец и поранешен дефанзивец на Манчестер сити, Бенџамин Менди, поднесе тужба против актуелниот европски и англиски првак поради неисплатени плати кои клубот му ги укина откако во 2021 година беше обвинет за силување и сексуално злоставување.

Францускиот фудбалер поднесе тужба во Судот за работни односи барајќи поврат на неисплатените плати во износ од повеќе милиони евра за периодот од септември 2021 до јуни 2023 година, кога му истече договорот со Манчестер сити.

Британскиот суд во јули го прогласи Менди за невин по обвиненијата за силување и обид за силување во повторениот судски процес, откако во јануари беше ослободен од обвинувањата за силување и сексуално злоставување кои против него ги изнесоа повеќе жени.

Манчестер сити одби да ја коментира поднесената тужба од Менди, кој дојде во клубот во 2017 година од Монако во трансфер вреден 70 милиони евра.