Мерил Стрип го собори сопствениот рекорд со 34. номинација за „Златен глобус“

6

Мерил Стрип го продолжи својот рекорд во номинации на „Златен глобус“ освојувајќи ја 34-тата номинација за портретот на Мери Луис Рајт во втората сезона на „Големи мали лаги“, што се емитува на „Ејџ-би-о“.

Стрип е номинирана заедно со Хелена Бонам Картер (The Crown), Патриша Аркет (The Act ), Емили Вотсон (Chernobyl) и Тони Колет (Unbelievable) за најдобра актерка во телевизиска серија, лимитирана серија или филм.

Стрип претходно го собори сопствениот рекорд во 2018 година со 33. номинација за The Post.

Трикратната добитничка на „Оскар“ ја доби својата прва номинација за „Златен глобус“ во 1979 година за „Ловец на елени“ и продолжи да го освои својот прв трофеј „Златен глобус“ следната година за најдобра споредна улога во филмот „Крамер против Крамер“.

Таа доби уште два „Златни глобуса“ – за „Жената на францускиот полковник“ во 1982 година и „Изборот на Софија“ во 1983 година.

По 20-годишна пауза, таа заработи шест номинации едноподруго од 1995 до 2000 година за филмови, вклучувајќи ги One True Thing, The Bridges of Madison County, Marvin’s Room и The River Wild.

„Големи мали лаги“ е трета телевизиска номинација за „Златен глобус“ до денес.