Меркел до земјите од Западен Балкан: Мора да се согласувате, не заборавајте!

48

Берлинскиот процес секогаш е поврзан и со помирување на недоразбирањата и наследството од минатото, рече германската канцеларка Ангела Меркел во своето обраќање на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес кој се одржува во Софија.

Таа изрази надеж дека таквите процеси ќе продолжат додавајќи дека добар чекор кон тоа е средбата на лидерите на земјите од Балканот.

Во своето обраќање Меркел со порака до лидерите на земјите од Западен Балкан:

„Ви пожелувам сѐ најдобро, а она што морам да го кажам за регионот е дека мора да се согласувате, не заборавајте, затоа што тоа е многу важно“, порача Меркел.