Аргентинската ѕвезда Лионел Меси беше одличен во мечот против Валјадолид и постигна еден гол во победата од 3-0, а притоа тоа му беше 644. гол во дресот на каталонскиот гигант во кој ја мина целата кариера, со што го урна рекордот на Пеле, кој со Сантош постигна 643 погодоци.
Меси беше одличен, а потоа ги изненади сите кога си замина со приватен авион во Аргентина, каде што ќе остане до 27 декември, по што ќе се врати во Барселона за да се подготви за дуелот со Еибар.
„Кога почнав да играм фудбал, никогаш не мислев дека ќе урнам рекорд. А уште помалку дека ќе го урнам токму овој денеска. Можам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа во текот на годините, моите соиграчи, моето семејство и останатите кои ми даваа поддршка“, вели Меси.