Меси за еден викенд му донесе голема заработка на Мајкл Џордан

5

И Мајкл Џордан има добивка од трансферот на Лео Меси во ПСЖ, продажбата на дресови му донесе сериозен профит на славниот кошаркар.

Откако пристигна во Париз, дресовите на Лео Меси пламнаа за неколку часа. Се што беше произведено и пуштено во продажба се потроши.

Дресовите на ПСЖ се под брендот „Ер Џордан“, а тоа значи дека дел од парите се слеваат на сметката на Мајкл Џордан.

Според договорот на „Најк“ со Мајкл Џордан, пет проценти од продажбата на производи од брендот „Ер Џордан“ се за славниот кошаркар.

Според пресметките на некои медиуми, Мајкл Џордан само за еден викенд заработил 6 милиони евра од продажбата на дресови на Меси.