МЗ: 14 лица починати и 404 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

43

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се регистрирани 404 нови случаи на Kовид-19, починале 14 пациенти, а оздравеле 182.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 172, Куманово -15, Дебар -4, Штип -8, Прилеп -25, Тетово -41, Струга -4, Велес -6, Битола -4, Охрид -11, Кавадарци -5, Гостивар -20, Гевгелија -9, Струмица -29, Крива Паланка -2, Кочани -18, Пробиштип -3, Берово -6, Виница -2, Делчево -4, Свети Николе -2, Кичево -3, Ресен -2, Неготино -9.

Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопштуваат од МЗ.

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на Ковид-19“, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067. Денеска е евидентиран еден контролен тест.

Во изминатите 24 часа се направени 1524 теста, а досега во земјата се направени вкупно 233.137 тестирања на Ковид -19.