МИА: Први случаи на коронавирус во Прилеп

6

Во Прилеп се регистрирани првите случаи на коронавирус, потврдија од Центарот за јавно здравје од Прилеп за МИА.

Според директорот на Центарот, Драгица Николоска, заразените се сопружници на возраст над 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

„Сопружниците не биле надвор од земјава, туку нивниот син кој бил на Копаоник, Србија, и се вратил пред 10-ина дена. Сè уште нема резултати за него. Сега го собираме материјалот и се проверуваат контактите што досега ги имале двајцата сопружници и нивниот син“, изјави Николоска.
Од Министерството за здравство засега нема официјални информации за овие случаи и повеќе детали најавија во текот на денот.

До вчера во земјава се регистрирани 148 случаи на ковид-19 во шест града: Скопје (88), Дебар (40) – од кои еден починат, Куманово (осум) – од кои еден починат, Штип (седум), Кавадарци (два), Охрид (два), Гостивар (еден).