Мизрахи: Нема да дозволам некој да го обележи овој народ како антисемитски

12

Дали ќе бев обележана ако бев србинка, турчинка, влаинка… праша техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи, како одговор на навредите на социјалните мрежи.

Таа рече дека нејзината татковина е Република Македонија, а овој народ е нејзин народ и нема да дозволам никој да го обележи како антисемитски, додаде Мизрахи и рече дека за време на втората светска војна изгубила 83 членови од нејзината фамилија биле однесени во Треблинка и убиени. Името го носела по нејзината тетка која имала иста судбина.