Милановиќ: ЕУ да ги почне преговорите со Скопје и Тирана кои со години ги малтретира

10

Во ред е да се бара членство на Украина во ЕУ, но мора да се донесе и одлука за отворање на преговорите со Северна Македонија и со Албанија, а Босна и Херцеговина и Косово да добијат кандидатски статус, изјави хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ.

– Бев повикан да потпишам заедничка изјава со претседателите од Источна Европа, на Украина итно да ѝ се даде статус кандидат за членство во ЕУ. Во ред, состојбата е вонредна и бев подготвен да потпишам, но под услов таков статус да им се даде и на БиХ и на Косово, кое некои членки сѐ уште го немаат признаено. Барав исто така да се донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија кои Брисел ги малтретира со години. Тоа за нас е еднакво важно како и Украина“, изјави Милановиќ.