Милановиќ: Смената на датумот за избори е удар врз Уставот

8

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека она што досега го направил Уставниот суд има елементи на државен удар.

– Датумот за изборите е одреден. Секој допир со нивните валкани прсти е удар врз Уставот, овој пат уште посериозен. Тие ги немаат тие овластувања, во ниеден облик, посочи  Милановиќ.

Тој додаде дека поради тоа не се повлекува од претседателската функција, бидејќи доколку се повлече веднаш би ја искористиле можноста да прогласат вонредна состојба.

– Манипулирањето со датумот на изборите и веројатно прво распишување на нови претседателски избори, бидејќи тоа би го направила техничка влада, би создала ситуација во која луѓето нема да имаат кому да се жалат, освен на (претседателот на Уставниот суд Мирослав) Шепаровиќ, посочи Милановиќ.

Според него смената на датумот на парламентарните избори„е хистеричен обид да се попречи волјата на народот“