Милановиќ ја победи Колинда со повеќе од 100.000 гласа

6

Рано утрово, беа објавени целосни информации и бројот на гласови од сите 6533 избирачки места по претседателските избори во Хрватска на кои Зоран Милановиќ ја победи досегашната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

На овие избирачки места имало вкупно 2.053.848 гласачи или 55 проценти излезност. Важечки гласачки ливчиња биле 95,65 проценти или 1.963.877 во бројки.

Зоран Милановиќ победи на изборите со 1.034.389 гласови или 52,67 проценти. Второпласираната Колинда освои 929.488 гласови, или 47,33 проценти.

Дека Милановиќ ќе биде новиот хрватски претседател, јасно беше синоќа околу 20:30 часот, само половина час откако Државната изборна комисија започна со објавување на резултатите. Веднаш разликата помеѓу него и Колинда беше над 50.000 гласови, а со секое ново освежување на резултатите таа разлика растеше.

На крајот, Милановиќ победи со точно 104.901 повеќе гласови.

Имаше вкупно 52.373 гласачи во странство, а тука Колинда победи со 45.311, додека за Милановиќ гласаа 6.222.