Милошоски: Материјалите кои ги добив ги објавив во најбрз можен рок

8

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по средбата во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го предал аудио записот на обвинителката Вилма Русковска.

,,Мое мислење е дека најдобро би било Обвинителството да го повика господинот Заев да каже кој бил со него и тие лица да бидат сведоци, или втората варијанта е да се земат снимките кој влегол во владата, па да се повикаат и тие лица”, рече Милошоски.

Тој посочи дека не поседува други материјали, додавајќи дека во новата аудио снимка има индиции за кривична постапка.

,,Материјалите кои ги добив ги објавив во најбрз можен рок. Други снимки не поседувам. Во записникот наведовме дека се работи за анонимен укажувач”, додаде Милошоски.

Пратеникот посочи дека како и минатиот пат, направиле записник со Русковска и таа посочила дека по анализите ќе биде одлучено како ќе се употреби материјалот.