Минатата седмица во светот со коронавирусот се заразиле рекордни 4,6 милион луѓе

22

Минатата седмица во светот биле потврдени повеќе од 4,6 милиони нови случаи на инфекции со коронавирус, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Според СЗО, од 14-ти до 20-ти декември во светот се регистрирани 4.612.790 новоинфицирани со коронавирусот, а како резултат на оваа зараза починале 79.001 лице.

Повеќето новозаразени се регистрирани во Северна и Јужна Америка, над 2,3 милиони.

Во Европа, истовремено, минатата недела имаше најголем број на смртни случаи од почтокот на пандемијата, над 36.000.