Минатата сезона најлоша за Хамилтон во последната деценија

8

Специјализираниот портал за автомобилизам, „Аутоспорт“ ги анализираше резултатите на Луис Хамилтон постигнати од 2013 кога се пресели во Мерцедес.

По доаѓањето во германскиот тим, Хамилтон освои шест титули и двапати стана вицешампион. Најлоша му беше минатата сезона (во 2022 година) кога за прв пат во кариерата во Формула 1, Хамилтон остана без победа и без пол-позиција.

Најдобра сезона на Британецот во Мерцедес му беше во 2018 година, кога Хамилтон се бореше за титулата со возачот на Ферари, Себастијан Фетел.

Рангирање на сезоната на Хамилтон во Мерцедес од страна на „Аутоспорт“:

  1. 2018 година (1 место во шампионатот, 11 победи, 11 пол-позиции)
  2. 2020 година (1, 11, 10)
  3. 2019 година (1, 11, 5)
  4. 2017 година (1, 9, 11)
  5. 2021 година (2, 8, 5)
  6. 2015 година (1, 10, 11)
  7. 2014 година (1, 11, 7)
  8. 2016 година (2, 10, 12)
  9. 2013 година (4, 1, 5)
  10. 2022 година (6, 0, 0).