Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска на брифинг со новинарите ќе информира за тековните активности што ќе бидат реализирани наредниот период.
Со слоганот #ДигиталнаЕра, МИОА го почна процесот за развој на електронски услуги кои ќе бидат достапни за сите граѓани.
На средбата ќе се разговара и за професионалната администрација која, како што се наведува, ќе ги исполни европските стандарди.