Министерот Спасовски во работна посета на Вашингтон

11

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денеска до 12 јануари предводи делегација од МВР во работна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави, информираат од МВР.

Притоа, министерот Спасовски ќе оствари средби со Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Брус Шварц, заменик помошник на Јавниот Обвинител на САД, амбасадор Тод Робинсон, помошник државен секретар на САД, Биро за прашања поврзани со спроведување на законите и илегална  трговија со наркотици, како и Натаниел Фик амбасадор за сајберпростор и дигитални политики.

Во текот на посетата на САД министерот за внатрешни работи ќе се сретне и со Боб Паскал Прв заменик помошник Секретар за меѓународни работи од Одделот за внатрешна безбедност, Конгресменките Клаудија Тени и Лиса МекКлејн, како и со претставници од Бордот на Директори на Обединетата Македонска Дијаспора.

Министерот Спасовски по повод Божикните празници ќе присуствува и ќе се обрати на прием организиран за нашите претставници во дијаспората кои живеат и работат во САД