Министерот Спасовски позитивен на COVID-19

21

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е позитивен на ковид-19, објави доцна во понеделник навечер лично тој на неговиот фејсбук профил.

Спасовски напиша дека „и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, добив позитивен резултат за ковид 19“.

Спасовски објави дека клиничката слика му е добра, дека има благи симптоми и веќе е во домашна изолација.

Тој во неделата беше во друштво на премиерот Зоран Заев и неколкуте високи партиски функционери на СДСМ за време на дигиталниот конгрес на владејачката партија.

Нема информации од СДСМ дали по заразувањето на Спасов во изолација ќе одат и премиерот Заев и останатите партиски функционери кои беа во негова близина.

Во понеделникот, Спасовски се појави на акција за засадување дрва по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата на Обединетите нации во околината на Велес. На акцијата имаше претставници на Обединетите нации и дел од дипломатскиот кор во земјава. На настанот беше присутен и премиерот Заев.