Министерот Филипче се врати во операциона сала

16

Министерот за здравство, Венко Филипче се врати во својата природна средина во операционата сала. Тој утринава заедно со колегите од Неврохиругија извршија успешна операција кај дваесет и деветгодишна пациентка.

„Поради проблем со кичмата и неможноста од движење на ногата, неопходна ѝ беше итна интервенција. По операцијата таа е во добра состојба и закрепнува“,

вели Филипче.