Министерството за здравство: Нови 18 случаи на заразени со коронавирус

6

Осумнаесет заразени со коронавирус се регистриран во изминатото деноноќие, соопшти официјални министерството за здравство. СО ова вркупната бројка на заболени лица се искачи на 219.
Од новите случаи, повторно, најголем број се во Скопје – 11, во Прилеп има четири нови случаи, два во Куманово и еден во тетово.
Најголем број од заболените се жители на Скопје, вкупно 134 лица, во Дебар има 43 а во Куманово има 17 заразени со коронавирусот. Во Штип засега се регистрирани осум случаи, шест во Прилеп, по три во Охрид и Велес, два во Кавадраци и Тетово и еден во Гостивар.
Од Клиниката за кардиологија потврдија дека еден вработен е тестиран позитивен на коронавирусот, сомнителни се петанесетина лица негови колеги за кои до крајот на денот ќе бидат готови резултатите од тестирањето.