Министерство за одбрана: Лицата сместени во Криволак ќе бидат преместени на нова локација

9

Лицата кои од синоќа се сместени во касарната „Пепелиште“ во Криволак во текот на денешниот ден ќе бидат преместени на нова локација, информираше Министерството за одбрана.

Од министерството велат касарната е само привремен простор каде се вршат епидемиолошките прегледи. Откако утрово ќе бидат завршени прегледите на лицата сместени таму истите ќе бидат префрлени во реновираниот завод во Демир Капија.

Во касарната се сместени група музичари од Битола кои беа дел од групата од 200-те патници кои вчера допатуваа во Македонија преку граничниот премин Деве Баир. Тие во видео објавено на Фејсбук тврдат дека во карантинот од целата група само тие се сместени таму, а останатите биле пуштени да си заминат дома. Битолчаните во видео велат дека се сместени во студени простории, креветите и перниците не се чисти, а низ просторијата шетаат црви и други инсекти.