Министрите за надворешни работи на НАТО ќе разговараат за евакуирањето од Авганистан

5

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска ќе разговараат околу евакуацијата од Авганистан и ќе ги појаснат идните односи со талибанците, пренесува Хина.

Министрите ќе одржат видеоконференција на која ќе разговараат за евакуирањето од Авганистан, кои се во тек.

НАТО веќе вети дека ќе продолжи да им дава поддршка на авганистанскиот народ, но не се знае како ќе го направи тоа имајќи во предвид преземањето на државните институции под контрола на талибанците.

„И покрај нашите значајни вложувања и жртвувања во текот на изминатите две децении, колапсот во Авганистан беше брз и ненадеен“ изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

НАТО ќе го задржи цивилното присуство од околу 800 лица, вклучувајќи и многу Авганистанци, но нема да има војници на терен, соопшти во вторникот Столтенберг.