Мини-Шенген, превртена трпеза

13

Ако трпезата (масата) на мини-Шенген ги остава надвор проблемите кои се поврзани со суштински прашања, но се уште се отворени прашања меѓу Косово и Србија, тогаш заложбата на Еди Рама за да ја претстави оваа трпеза можно што побогата, излегува дека ќе биде штетна работа.

Од Емин АЗЕМИ

Гана го повлече признавањето на независноста на Косово. Така соопшти шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, рано во една утринска емисија, известува албанскиот новинар од Белград, Идро Сефери.

„Ние ќе продолжуваме со оваа активност. Ангажирани сме од претседателот, владата, Министерството за надворешни работи, претседателката на парламентот. Ние планираме да и уште неколку држави до крајот на годината да се повлечат уште неколку признавања. Тоа не е лесно,бидејќи за тоа потребно ни беше година и пол,јас сум бил во Гана, министерката беше тука и претседателот се сретнал во Њујорк“, рече Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија.

Лобирањето на Белград против меѓународното признавање на Косово продолжува со намален интензитет, а овој факт не е земен како основа од албанскиот премиер, Еди Рама, пред да стане ко-иницијатор на идејата за балкански мини-Шенген. Тој на една средба со медиумите во Охрид ги објасни убаво придобивките што произлегуваат од ова регионална иницијатива, меѓутоа, тој не зборуваше зошто косовските граѓани имаат пречки за слободно движење со документите на нивната држава низ Србија, зошто косовските таблички треба да се отстранат на граничните премини, зошто Косово се уште е дел од Уставот на Србија, зошто српската дипломатија е активна во спречувањето на Косово за да се зачленува во меѓународните организации, зошто Србија се уште не даде одговор на исчезнатите Косовци, зошто Србија не платила воени репарации на сметка на Косово, зошто еден дел од Косово се уште е под контрола на Србија и така натаму, инт.

Значи, Рама кога зборува за мини-Шенген, алудира на држави кои имаат нормални меѓусебни односи, но не зборува за абнормални односи меѓу Србија и Косово. Тој не ни кажа како, на пример, косовските граѓани ќе можат да патуваат во Србија и дали оваа регионална иницијатива ќе им овозможува на косовските компании да превезуваат без пречки стоки во Србија.

Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев одржале две средби и се на пат да ја финализираат оваа идеја. Следната средба ќе се одржува во Драч, меѓутоа досегашните оправдувања за формирање на Балканскиот мини-Шенген страдаат од недостаток на детално аргументирање и од сенките на транспарентноста.

Во принцип, никој не е против идеите кои олеснуваат луѓето и стоките да циркулираат слободно без административни процедури и пречки. Единствена дилема што останува се уште необјаснета е брзањето за формирање на Балканскиот мини-Шенген и тоа се случува во времето кога постои институционален вакуум на Косово, каде пренесувањето на власта се уште не се случило целосно, и кога Косово има еден куп на нерешени проблеми со Србија.

Звучи парадоксално ентузијазмот на Рама, кога се обидува да не убедува колку е вкусен овој Мини-Шенген, додека значајни дипломати што доаѓаат во Приштина, во нивното обраќање до косовските лидери, ја поставуваат ургентно неопходноста за нормализирање на односите со Србија. Ако трпезата на мини-Шенген ги остава надвор проблемите што се поврзани со суштинските прашања, но се уште отворени прашања меѓу Косово и Србија, тогаш заложбата на Еди Рама да ја претстави оваа трпеза што по богата, излегува дека е штетна работа. Со други зборови, ова може да биде превртена трпеза (маса) што го решава прашањето на „гладот“, само за тие што се сити.