Мистериозна смрт: Основачот на „Белите шлемови“ паднал од балкон во Истанбул

9

Еден од основачите на невладината организација „Бели шлемови“, Британецот Џејмс ле Мезјуре, пронајден е мртов во близина на својот дом во Истанбул, пренесува „Индипендент“ повикувајќи се на неименувани извори.

Засега не е позната причината за неговата смрт, односно дали станува збор за убиство или самоубиство, а според непотврдени информации, тој паднал од балконот на својот стан во Бејоглу.

Турскиот весник „Созџу“ исто така пишува за смртта на поранешниот агент на МИ6, наведувајќи дека пред смртта, Ле Мезјуре извесен период пиел антидепресивни средства.

„Сабах“, уште еден голем турски весник, исто така, објави, повикувајќи се на извори во полицијата, дека полицијата смета оти самоубиство е најверојатната причина за смртта на Ле Мезјуре и дека поранешниот шпион можеби скокнал од балконот на неговиот стан на 3-ти кат. На неговото тело не биле пронајдени прострелни рани или рани од нож.

Русија претходно бараше од Велика Британијае обаснувања по наводите дека Џејмс ле Мезјуре соработувал со Ал Каеда додека бил активен на Косово.

Организацијата „Бели шлемови“, која е масовно позната и поддржана на Запад, го прогласи за своја цел спасувањето цивили во воените зони, но сириските власти ги обвинуваат за поврзаност со екстремистите и за спроведување непријателски пропагандни активности и ги означија како терористичка група и пропагандно крило на Ал-Нусра.

„Индипендент“ пишува дека Ле Мезјуре одиграл главна улога во создавањето на оваа организација во Турција во 2013 година. Тој во 2016 година дури беше и награден со витешки орден на Британската Империја.