Митева: Стопанството губи 1 милион евра дневно затоа што криминалната власт не произведува доволно струја

13

Македонските фирми сега плаќаат и до 800 евра за МWh, а енергетски капацитети во моќност од 400 до 500 мегавати стојат неискористени. ТЕЦ Неготино работи со половичен капацитет и од максималните 220 мегавати работи само со 90. Цената на производство на електричната енергија во ТЕЦ Неготино е над 150 евра по MWh. Со само проста математика може да се утврди дека доколку се искористи целиот капацитет односно останатите 130 мегавати ќе се дојде до дополнително производство од 3.120 мегавати на ден и со тоа заштедата на стопанството ќе биде 1 милион евра дневно. Тоа се пари кои што сега одат за купување на скапа струја од странство. Практично, со овој начин на работа ќе се спасеа илјадници фирми од затворање и милиони евра девизи од одлив.

Истата ситуација на целосна неискористеност на енергетските капацитети ја имаме и со РЕК Осломеј и РЕК Битола кои исто така работат со половичен капацитет. Имено, од вкупниот инсталиран енергетски капацитет од 2.100 мегавати заради криминалот и неспособноста на власта искористени се само 1.600 мегавати. Македонија губи 500 мегавати што во вкупна цена е и до 6 милиони евра.

Граѓаните и бизнисот ги плаќаат овие загуби. Граѓаните и бизнисот ја трпат штетата, додека трговци заработуваат и до 600.000 евра за неколку дена. Овде пак практично, ќе се спречеше покачувањето на цената на струјата во месец јули кое воопшто немаше да се случи, а за покачувањето во декември кое го најавуваат дуото Ковачевски немаше да дојде. Токму разликата која недостасува до целосна искористена на РЕК Битола и РЕК Осломеј е разликата која што сега се увезува и заради која се случи покачувањето на струјата за граѓаните.

Сето ова можеше да се спречи, предлогот им беше на маса, но антимакедонската СДС го отфрли и одбра да служи на криминалот и корупцијата наместо на народот. Се што требаше да направат е да се посветат на нови ископи на јаглен во РЕК Битола и навремен увоз доколку тоа беше потребно, како и навремено снабдување со мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Народот и фирмите немаше да страдаат доколку владата не беше криминална. Потребно е итна промена на власта и потребна е влада која знае како да ја води државата низ криза.