Михајловиќ: Нашето пријателство со Ибрахимовиќ почна кога ме удри со глава (ВИДЕО)

15

Синиша Михајловиќ заедно со Златан Ибрахимовиќ направија вистинско шоу на Сан Ремо, а по одличниот настап, тие двајца одговараа прашања и открија интересни детали за нивниот однос.

Многумина не знаат кога почнале нивното пријателство, а тоа сега им го откри Михајловиќ.

„Нашето пријателство почна кога Ибрахимовиќ ме удри со глава. На Златан едноставно не смеете да му се заканите. Потребно е да го испровоцирате, а така тој ги губи нервите. Толку беше лут што ме удри со глава и заработи црвен картон. Кога дојдов во ИНтер, сакав да му ја вратам услугата, ние така покажуваме пријателство“, кажа Михајловиќ.