Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестот пред Собранието порача дека недозволиво е да се прифатат предлозите на Бугарија за решавање на отворените историски прашања.
-Ако биде прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла е македонец а по нација бугарин, нашиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека ако се случи тоа идната влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ, таквиот договор ќе го поништи и никогаш нема да го почитува.