Мицкоски бара со закон да се забрани амнестија на политичари

7

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржат иницијативата на СДСМ за автентично толкување на членот 11 а од Законот за помилување. Но, заедно со поддршката, Мицкоски бара со закон да се забрани амнестија на политичари, а на веќе амнестираните да им се забрани да се занимаваат со политика.

Мицкоски се сомнева дека, зад одлуките на уставните судии, да оценуваат дали екс претседателот Иванов пред три години имал законска основа да ги повлече амнестиите, но и дали е против-уставна амнестијата за 27 април, стои Заев. За него е сомнително што токму сега се активира првата иницијатива, која три години стоеше во фиоките на Уставниот суд. Се сомнева дека се подготвува идна аболиција и се одвлекува вниманието на јавноста од аферите на владата.Од партијата укажуваат и дека,во иницијативата на СДСМ има грешка, стои член 11, што е сосема различен од 11а. Ги повикаа да се корегираат, за да не се случи иницијативата да падне.

Од СДСМ, пак, велат дека Мицкоски повторно тактизира.

ДУИ се уште не се изјаснија за поддршката на иницијативата на СДСМ. Велат дека се консултираат со домашни и меѓународни експерти за правно разјаснување на состојбата.