Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна изборна кампања

11

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека ќе водат позитивна изборна кампања за локалните избори, бидејќи смета дека граѓаните сакаат да слушнат надеж и решенија.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да води валкана изборна кампања, бидејќи цениме дека граѓаните се исклучително изморени од калта којашто ја содржи ова наше политичко мочуриште. Граѓаните сакаат да слушнат надеж и решение за нивните проблеми. Доколку некој од учесниците во изборите одлучи да води кампања со ниски страсти, навреди, мизогинија и други лоши работи, тоа е нивна одлука. Претпоставувам имаат стратези кои така ги советуваат. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе водиме исклучително позитивна кампања, затоа што цениме дека тоа им е потребно на граѓаните“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по денешното присуство на Политичка академија 2021 во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондација Конрад Аденауер – Македонија.

Мицкоски е уверен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победела на овие избори и рече дека се надева оти набрзо после локалните ќе има и нова Влада.