Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше прашан околу 12 -ти февруари, односно нераспуштањето на парламентот.
„Па, јас навистина не го гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на парламентот. Во текот на денешниот ден ќе имаме извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде информирана благовремено со следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ“ рече Мицкоски.
На прашањето дали мисли дека обидот за разрешување на Министерката Мизрахи ќе го развлече распуштањето на Собранието, Мицкоски вели:
„Навистина не можам да ги коментирам овие политички гимнастики дополнително од ова што веќе го кажав. Чесно е денеска да соберат храброст, да се соберат парламентарното мнозинство и како што сме се договориле така и да биде испочитувано и да биде распуштено парламентарното мнозинство. Јас многу пати во минатото зборував еве и денеска ќе го повторам тоа, ако пракса стане кршење на законите , времето во оваа држава ќе се мери до денот кога Заев во 21 век стапил на функција и денот после Заев кога ја напуштил, затоа што направени се многу преседани, прекршувања на закони процедури итн, не е добро ниту за држава вака по пат на насилство да се туркаат работите. Политички договор постои и треба да се почитува. Сите оние кои што се плашат да го почитуваат политичкиот договор порано или покасно ќе се соочат со одговорноста. што и да прават, оваа работа со вакви политички гимнастики нема да заврши, ќе заврши со голем пораз на СДСМ, Зоран Заев, Оливер Спасовски и останатите таму, а после поразот следува одговорност“ рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски,