Мицкоски повикува на лидерска средба за разговори околу идејата за референдум

1

Референдумот околу преговарачката рамка и македонско-бугарските прашања треба да биде задолжителен, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а за да се стигне до консензус со власта вели дека е за лидерска средба на која би разговарале за референдумското прашање. Вели дека засега ВМРО-ДПМНЕ се согласува формулацијата да биде во насока “Дали сте за ЕУ под вакви услови”, како што предложи и претседателот Пендаровски. Мицкоски повика сите политички партии да дадат поддршка и да не го бојкотираат, со намера на крај процесот да го прогласат за неуспешен.

Ние сме за задолжителен референдум, формално правно гледам има и јавна дебата од страна на власта и од оние инсталации од страна на власта во опозицијата чија што заедничка цел е да не успее овој референдум формално право, а тоа е да нема 50% плус 1 од бројот на избирачи кои се дел од избирачкиот список. Тоа е заедничкото од власта предводена од СДСМ/ДУИ и овие малкумина незначителни инсталации на власта во опозицијата и помеѓу македонскиот блок. Само тие имаат единствена желба, а тоа е референдумот да не успее, тоа е суштината нивна.

Иако фокусот на партијата е на идејата за референдум, Мицкоски вели тоа не значи дека барањето на предвремени парламентарни избори е во втор план. Активната собраниска блокада оценува дека вродила со плод бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не дозволила гласање на неколку закони кои, според партијата, би биле штетни за граѓаните, и најавува дека ќе продолжи од септември..

Подготвени сме да излеземе на избори и да освоиме мнозинство во Парламентот со што ем би немало од една страна уцени за ВМРО-ДПМНЕ и од друга страна би можеле да ги исправиме грешките и да донесеме обнова и подобар живот за граѓаните.. Ќе продолжи активната блокада и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги заострат нивните чакори..

За празникот Илинден, Мицкоски рече дека традиционално ќе присуствува на манифестацијата во струшко Ташмаруништа.