Мицкоски: Се наоѓаме во историски моменти, или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе нѐ нема

43

Нема Македонец кој не почуствува срам од интервјуто, каде Заев со насмевка и скрстени раце кажуваше невистини за својот народ, напиша на Фејсбук лидерот на вМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и повика на протест.

– Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти – партизаните кои се вистинските ослободители, Заев ги прави окупатори, а бидејќи врз антифашистичката и Народноослободителната борба како и Илинденската борба се темели на македонската државност, тогаш испаѓа дека Заев ја укинува и македонската државност. Ова не е нималку наивно, се наоѓаме во историски моменти и или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе нѐ нема – напиша Мицкоски.

Тој повика на протест за како што вели, не биде доцна и потсети граѓаните да се заштитат, да носат маска и да држат растојание.З