Мицкоски смета дека власта калкулира за датумот на изборите за да оствари подобар изборен резултат Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека власта се плаши да излезе на избори и дека прави калкулации за да оствари подобри изборни резултати. – Нема датум за избори затоа што во владините партнери има некоја чудна мачо тактика, а од друга страна молат Бога никогаш да не се случат тие избори бидејќи карактерно се кукавици. Во јавноста кажуваат мачо пораки, а во суштина се плашат да излезат на избори и прават калкулации ако одат на раздвоени избори, рече Мицкоски за време на посетата на општина Лозово во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Според Мицкоски, без разлика што во време на кризи ќе се трошат пари за одвоени избори, власта мисли како ќе има добар резултат на изборите. -Без разлика што ќе трошат во оваа време на кризи десетици милиони народни пари, тие мислат дека ќе имале добар резултат на претседателските, па што подалеку ќе биле парламентарните, луѓето ќе отишле на годишни одмори и излезеноста ќе била помала и на тој начин ќе постигнале некаков конкурентен резултат којшто потоа како третопласирани претпоставувам на изборите ќе им даде можност да учествуваат во некаква идна влада, рече Мицкоски. Додаде дека СДСМ ќе доживее дебакл и на претседателските и на парламентарните избори и ги повика, како што рече, чесните членови во СДСМ да не ги следат погубните политики на актуелното раководство на партијата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека власта се плаши да излезе на избори и дека прави калкулации за да оствари подобри изборни резултати.
– Нема датум за избори затоа што во владините партнери има некоја чудна мачо тактика, а од друга страна молат Бога никогаш да не се случат тие избори бидејќи карактерно се кукавици. Во јавноста кажуваат мачо пораки, а во суштина се плашат да излезат на избори и прават калкулации ако одат на раздвоени избори, рече Мицкоски за време на посетата на општина Лозово во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Според Мицкоски, без разлика што во време на кризи ќе се трошат пари за одвоени избори, власта мисли како ќе има добар резултат на изборите.
-Без разлика што ќе трошат во оваа време на кризи десетици милиони народни пари, тие мислат дека ќе имале добар резултат на претседателските, па што подалеку ќе биле парламентарните, луѓето ќе отишле на годишни одмори и излезеноста ќе била помала и на тој начин ќе постигнале некаков конкурентен резултат којшто потоа како третопласирани претпоставувам на изборите ќе им даде можност да учествуваат во некаква идна влада, рече Мицкоски.
Додаде дека СДСМ ќе доживее дебакл и на претседателските и на парламентарните избори и ги повика, како што рече, чесните членови во СДСМ да не ги следат погубните политики на актуелното раководство на партијата.