Мицкоски со две добиени тужби, против СДСМ и Љупчо Ристовски од Интегра

3

Основниот суд Скопје усвои две тубжи на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски против СДСМ и претседателот на Интегра Љупчо Ристовски.

Во судската пресуда за случајот против СДСМ, судот пресудил дека партијата на својата официјална страна, а пред пошироката јавност со намера да нанесе штета на честа и угледот на тужителот изнел невистини факти дека „Мицкоски му е вечен должник на Груевски. Тој мора да го штити и прави онака како што сака Груевски. Политиките на Мицкоски се политики на Никола Груевски.“

Судот утврдил и дека СДСМ го навредила Мицкоски со изнесување невистини и нарушување на угледот и честа со изјава дека „Мицкоски е пион кој се збогатил благодарение на неговиот шеф и ментор.“

СДСМ изнела невистини и со изјавата дека „Во 2015 година, Груевски му доделил на Мицкоски и неговата фирма „Енерготек ДОО“ 33.000 квадратни метри државно земјиште за изградба на хидроцентрали. Фирмата е 99% сопственост на Мицкоски, а не 7% како што ја лаже јавноста.“

Покрај добиената тужба поднесена против СДСМ, Мицкоски по судски пат за клевета и навреда го доби и Љупчо Ристовски од Интегра.

Судот утврдил дека тужениот Ристовски со цел да го наруши угледот на Мицкоски изнел невистини дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерството било против македонските национални интереси.