Мичел кандидат за тренерското место во Челзи

3

Тренерот на Жирона, Мичел би можел да го наследи Покетино во Челзи, пренее „Дејли Телеграф“.

Раководството на „Сините од Лондон“ размислува за 48-годишниот Шпанец како замена за Маурицио Покетино, кој го напушта клубот на крајот од сезоната.

Во опција за тренерската функција е и предводникот на Лестер, Енцо Мареска.

Покетино е на чело на Челзи од јули 2023 година. Под негово водство тимот оствари 27 победи, 10 пати ремизираше и претрпе 14 порази.

Претходно во кариерата, Покетино беше тренер на ПСЖ, Тотенхем, Саутемптон и Еспањол.

На крајот од сезоната 2023/24, Челзи го зазеде 6. место во табелата во Премиер лигата, освојувајќи 63 бода.