МКД: Лажна е информацијата за хакерски напад врз МОН, снимките не се од зградата

5

Интгернет страницата на Министерството за образование и наука функционира без прекин, нема неовластен влез во веб-сајтот, а снимките што преку Твитер синоќа беа објавени за наводен упад на хакери од Грција, не се од просториите на објектот на министерството, велат официјално од МОН.

Вчера група на грчки хакери именувани како „Моќната грчка армија” преку социјалните мрежи објавија дека влегле во компјутерскиот систем на македонското Министерство за образование, при што дури беа објавени снимки од наводно „во живо“ влегување во објектот на министерството преку безбедносните камери инсталирани во зградата.

Од МОН за МКД.мк официјално велат дека се работи за лажна информација, односно дека не само што во интернет страницата на министерството немало неовластен влез, туку и дека објавените снимки не се од објектот на Министерството за образование и наука, бидејќи, велат, такви камери не ни има. Според нивното толкување, просториите што се снимени повеќе наликуваат на простор во некое бифе, но не од МОН.