Модерно ропство

9

Емин АЗЕМИ

Губењето контактот со реалноста создава виртуалност, додека тие што стануваат робови на виртуалноста не можат да донесат праведни предрасуди за некој настан на теренот. Симптомите на овој деформитет ги зафатил многу медиуми и поединци, кај кои само доволно во опишувањето на нештата без да ги „допираат“ одблиску, се претвaра во погрешно прикажување на реалноста.

Социјалните медиуми и бадијалџиите на порталите (одредени) се доминирани од овој облик со кратко зрачење на инвентаризирање на идеите кои се спакувани како доволни сознанија за секој проблем. Но, всушност, целта на оваа диоптрија излегува дека е искривена, не само затоа што реалноста на теренот не се совпаѓа секогаш со виртуелната реалност, туку и тие кои се базираат целосно на овој метод на известување, не испраќаат секогаш потребна порака. На оваа порака му недостасува духот на околината, прашината на настаните и суштината на билансот што се состои од броевите и фактите.

Дали стануваме колективни робови на ова модерно поробување? Освен сопствените имиња на луѓето со академска и научна подготовка, кои дури и кога пишуваат од далечина, се раководат од студеноста на расудувањето и оценувањето, сите другите, особено поетите и бадијалџиите на порталите кои се трудат да ги разрешуваат геолошките и сеизмичките термини на земјотресите, градат картонски кули во кои ги чуваат своите генијални идеи. Ова населба на слободни мислители, целата нивна интелектуална сила ја базираат на виртуелна реалност, што им ја наметнуваат социјалните медиуми и потоа посакуваш да читаш и да гледаш секакви глупости, со аналитички и предвидливи претензии.

Губењето на контактот со постојната реалност и катапултирањето во виртуелна реалност, ја помножи количината на бајато мислење, кое не само што му истекол рокот за пред интелектуална „ферментација“, туку се префрлил на „пророчка“ вокација на гадачките.
Зависноста од ваков вид вокација (струка) може да доведе до истакнати умни деградации на колективни степени, додека тие кои немаат можност да се ослободат од овој вициозен (злобен) круг, се осудени на соживот со социјален и интелектуален суб-стандард што го нуди говорот на чаршијата и некорисните муабети.

Ако еден аналитичар кој завршил јазик и книжевност го слушате да зборува за геолошките и сеизмичките параметри на земјотресите, бидете сигурни дека тој е потенцијален „пациент“ на оваа психо-социјална карантина каде виртуелната реалност доминира благодарение на се знаењето што доаѓа од дел на социјалните мрежи. Овие последниве, покрај занаетот копирање (копи паст) на плагијат, ги научиле луѓето да бидат мрзливи, да не читаат книги, да не ги следат учењата на луѓе со знаења и на крајот да станат дебили, се го добијат готви.

Ова пакување на конзервирани знаења, добиени на парчиња, секако дека како нус производ ќе има интелектуален дефицит во оценувањето и расудувањето.

Борбата за откривање на терапијата што ќе не направи да бидеме имуни против ваквото модерно ропство на нашите умови, ќе биде највозвишена (сублимна) кауза на векот во кој живееме.