Можни „вооружени протести“ пред инаугурацијата на Бајден

71

Американските безбедносни служби предупредиле на можни „вооружени протести низ САД пред и за време на инаугурацијата на Џо Бајден за претседател, која е закажана за 20-ти јануари.

Во дописот на ФБИ, до кој дошле некои американски медиуми, се вели дека такви протести се можни во сите 50 главни градови на американските држави, вклучувајќи го и Вашингтон.

ФБИ исто така имало информација дека одредена група се заканила со упад во локални и федерални институции, судови и административни згради, доколку досегашниот претседател Доналд Трамп биде отстранет од функцијата предвреме, но и за време на инаугурацијата на Џо Бајден.

Имено, демократите во Претставничкиот дом ќе покренат импичмент за Трамп доколку потпретседателот Мајк Пенс не ја искористат уставната можност за отповикување на Трамп или не го принудат да си поднесе оставка.
Како реакција на информациите за можни нови насилства, Трамп доцна синоќа издаде итна декларација, според која, федералните служби за внатрешна безбедност, доколку е потребно, треба да се координираат со локалните власти. Декларацијата ќе биде во сила до 24-ти јануари.

Синоќа, во Белата Куќа, Доналд Трамп имал средба со потпретседателот Мајк Пенс, што се смета за сигнал дека Пенс нема да го прифати барањето на демократите за прекинување на мандатот на Трамп на неколку дена пред инаугурацијата на Бајден за претседател на САД. Ова е прва средба на Трамп и Бајден од насилните протести на приврзаниците на Трамп и упадот во Конгресот на 6-ти јануари.