Морална „заплетеност“ на ноемвриските празници!

17

Од Фадил Луши

 

Драг мој пријател! Јас и овој пат, сакам да верувам дека нема да создадам недоразбирање или погрешно мислење без основа кај моите непристрасни читатели, без оглед што тие имаат право да не се согласуваат со моите ставови за моралот на нашите национални празници. Во ноември на минатиот век, некаде во една населба на Валона, бистроумниот Исмаил бег Ќемали го ставил својот потпис за независноста на државата  – Албанија, ставајќи му крај на владеењето на Отоманската империја.

Во истиот тој временски период (пред сто и неколку години), во градот на конзулите, во Битола, неколку Албанци со големо знаење и култура, се собрале да ја градат тврдината, односно да ја прогласат независноста на азбуката на албанскиот јазик, додека во Ноември 1944 година, Албанците партизани (стави ги настрана балистите) „го протераа последниот Германец од нивните краишта!“.

Сите Албанци што ги граделе гореспоменатите датуми, свети и недопирливи, на генерациите што им ги оставија како “аманет”, да ги бранат, негуваат, еманципираат но не и да ги дехуманизираат! Како и во овие аманети, повеќе удел имале Албанците кои останаа надвор од административните граници на Албанија (вклучувајќи ги тие од Косово, Македонија, Прешевска долина и Црна Гора), кои долги години, не што немаа право да ги слават, туку немале храброст да ја отворат устата за овие историски датуми, исто толку и пофалени датуми! Никогаш не им паднало на памет дека во блиска иднина, единаесеттиот месец ќе се замислува како месец со многу празници! Тие кои не се плашеле од опасностите и тешкотиите, повремено ги одбележувале овие забранети датуми, без оглед што знаеле каде ќе завршат! И тоа создава впечаток дека овие свети датуми, повеќе се забележани надвор од Тирана.

Се поставува прашањето, дали некому денеска во Тирана му е гајле за историјатот на Азбуката, односно за Битолскиот Конгрес …, Дали сте слушнале или виделе во албанската престолнина, да се организира свечена академија за овој датум? Јас не сум слушнал, а за Вас, почитувани, немам сознанија…, Дали сте слушнале или виделе во главниот град на Лондонска Албанија на некој Албанец да му е скршена главата и вратот за оцрнувањето на националното знаме и химна!  Јас не сум слушнал, но за вас,почитуван читател, немам сознанија! Сте виделе или слушнале дека во Албанија … ти се чини еден граѓанин кој со полна уста вели: „Еј, целиот овој фолк-патриотизам ми дојде на врвот на носот…, еј ми се гади од овие лажни лубови кон татковината, кон националното знаме, итн! “. Јас не сум слушнал, но можеби никогаш нема да слушнат моите уши, а за Вас, почитувани читатели, немам сознанија! Дали сте виделе или слушнале по повод годишнината од независноста на Албанија, политичарите на матичната држава, било да се тие левичари, десничари, социјалисти или демократи, заеднички да го одбележат 28-ми Ноември на Исмаил!  Јас не сум слушнал, а за Вас немам сознанија! Дали сте виделе и слушнале за организирање на некоја посериозна манифестација посветена на Мајка Тереза, на светицата од Скопје? Јас не сум слушнал, а за Вас, почитуван мој читател,  немам сознанија! Сте виделе или слушнале дека Академијата на науките во Тирана, како духовна и сериозна институција, после 47 години од основањето, нда изгради прецизно и дефинитивно мислење за датумот на ослободувањето на земјата! Јас не сум слушнал …, а Вие, пријател мој, ако немаш „абер за овој настан“, ќе те замолам да не ме сметаш за лекомислен (будала)! Дали сте слушнале или свиделе како на левицата и на десницата и денеска не ИМ излегуваат „есапите“ од политичките „алашвериши“? Јас не сум слушнал! Дали можеби некогаш сте слушнале некаква изјава изговорена од устите на луѓето, кои внимателно го следат организирањето на ноемвриските празници …, каде, меѓу другото, велат: „Зарем, во последниве години, имаме голема изопаченост или внатрешен слом на моралните принципи на ноемвриските празници!“. Јас не сум слушнал, а за Вас не знам. Сте слушнале како институциите на матичната  држава, им ги остави сите манифестации во Ноември во рацете на некои политички корупционери, како и на некои псевдо-историчари од времето на диктаторот! Заправо, за тоа и за многу други „настани“ немам слушнато…, ниту пак видено.

Ти, мој брат од една мајка! Се сеќаваш на 28-ми Ноември 2018 година. Се сеќаваш на протоколите на владата, претседателството,  на Енверистите, на поранешните политички прогоненици и на граѓанските организации! Се сеќаваш колку беа исплеткани! Дали можеби (не) се сеќаваш на Денот на знамето во Валона …, настан што траеше цел ден!  Се сеќаваш кога на „сабајле“, некаде кај споменикот на валончанецот, се појавија луѓето од власта, потоа пред „пладневна молитва“ се видоа опозицијата и другите, кои беа принудени посебните почести  да ги прават пред „езанот на икиндија“ и не подоцна…, се сеќаваш на тој ден кога беа положени цвеќиња пред споменикот на валончанецот од луѓе кои никогаш не изговорија ниту една реченица од историјата на 28-ми Ноември…, дали можеби  не знаеле што слават и зошто слават…, се сеќаваш како таа значајна годишнина се претвори во „турбо-фолк и моминска вечер“, се сеќаваш како тој ден не се знаеше кој јаде и пие а на крај, не се дозна кој ја плати сметката… и со чии пари е платена сметката …, и тој ден, јас не се сеќавам  кои беа вистинските патриоти, како и витезите кои доцнат!

Едно нешто знам, и јас како Албанец “инаетчија“ не се разликувам од луѓето кои ги имаат Валона, Тирана, Сазан, Берат, морето и „чеканите на мелницата и ковачот!“ … … и на денот кога требаше да одам со еден пријател за сочувство, се премислив, затоа што пред мене, внатре во „меџлисот“ на мажите, односно на почесно место седнал нашиот поранешен шпион на нашата „касаба“…,односно во тоа месно, немаше место за две лица…, или тој, или јас… јас  излегов од таму…,не сакав да му го расипам муабетот на човекот што беше загрижен!

Ех, драг пријател! Нека не те чуди со Албанците, бидејќи тие „се инаетчии“, без оглед што имаат еден јазик, без оглед што се Геги, Тоски, муслимани, католици, православни или бекташи!  Земено „топтан“ едно-образовни или „монета“!

Честитки за ноемвриските празници!