Мората се врати во Јувентус, први фотографии од лекарските прегледи во Торино

10

Алваро Мората е повторно играч на Јувентус, напаѓачот ги мина лекарските прегледи, се става на располагање на Андреа Пирло.

Шпанецот има 27 години, во Јувентус играше од 2014–2016, запиша 63 настапи и постигна 15 гола, сега повторно ќе тресе мрежи во Италија во дресот на „старата дама“.

Договорот меѓу Јувентус и Атлетико предвидува Мората сезонава да игра како позајмен играч за што калчолигашот ќе плати десет милиони евра, а ќе може целосно да го откупи шпанскиот напаѓач за 45 милиони евра.