„Мојот маж“- премиера на Драмски театар според расказите на Румена Бужаровска

142

Од колажот раскази на авторката Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ на сцената на Драмскиот театар на 15-ти февруари премиерно ќе биде изведена претставата „Мојот маж“…

Се обидовме да нурнеме во нашите мисли и да трагаме по нашата психа. Да отвориме некои горливи прашања за нашето општество и преку отварање на некои ранливи точки, да проговориме за најголемите стигми и табуа кои се длабоко вкоренети во македонскиот конзервитизам и патријархат. На искрен и реален начин воспоставуваме дијалог со публиката. Вака ја гледа претставата „Мојот маж“ режисерката Нела Витошевиќ.

Горди сме што поставуваме на сцената текст на еден светски автор како што е Румена Бужаровска, велат актерите. Во претставата даваме парче од својата душа, искрени чувства, стравови. Во процесот на работа на претставата се зближивме и си помогнавме меѓусебно. На сцената изнесуваме и наши, актуелни проблеми и си помагаме да ги надминеме, велат.
Во претставата „Мојот маж“ присутноста на театарска спонтаност и кај актерот и кај гледачот доведува до ослободување и отвора простор за различна театарска перспективност, вели екипата.