„Мојот првенец е заразен, те сака тато“ – Претседателот на Србија со емотивна објава за синот со корона вирус

Корона вирусот не бира помеѓу млади и стари, богати и сиромашни, познати, политичари или „обични“ луѓе, а последно претседателот на Србија сподели дека неговиот син е заразен.

9

Александар Вучиќ има три деца, а најстариот, Данило, е заразен со корона вирус и моментално е на Инфективна клиника, како што вели претседателот.

На неговиот Инстаграм профил, тој објави фотка со неговиот син и со емотивен опис сподели дека неговиот првенец е заразен со корона вирус:

„Кога сѐ ова почна, мојот Данило ми кажа дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заразен со корона вирус, а клиничката слика му е таква, што е примен на Инфективната клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака тато, те сакаме сите.“

Инаку, неодамна, Данило и неговата сестра Милица, им помагаа на старите лица и семејства, снабдувајќи ги со основни намирници, а фотографијата од нив ја покажа премиерката Ана Брнабиќ. Наводно, без знаење на Александар Вучиќ, таа ги пофали неговите деца јавно…