МРТВАТА ТРКА ПРОДОЛЖУВА: Џо Бајден направи „пресврт“ во Џорџија, ако добие таму, готово е!

23

Пред неколку часа Доналд Трамп водеше во Џорџија, но разликата се „топеше“, па сега Џо Бајден има предност од преку 900 гласови.

Како одминува времето, јасно е дека Џо Бајден е поблиску до Белата Куќа.

Во моментов Бајден има 264 електорски гласови, наспроти 213 на Трамп, а ако Баден ја добие Џорџија, ќе му донесе +16, што ќе биде доволно да дојде до претседателското место.

Трамп практично цело време беше во водство, но како се ближеше крајот на пребројувањето, Бајден сега има мала предност. Таму се останати уште малку гласови за пребројување.

Доколку не успее Бајден да добие во Џорџија, ќе му треба победа во Пенсилванија каде што исто така е изедначено.